Познатиот пејач почина на 56 години, алкохолот му го разорил црниот дроб

Пејачот и фронтмен на групата „Smash Mouth“, Стив Харвел (56) за кого медиумите деновиве јавуваа дека  е во многу тешка здравствена состојба почина на 56-годишна возраст, потврди менаџерот на групата.

По укажаната помош во болница, тој бил однесен дома, каде што починал.

Харвел со години консумирал многу алкохол, поради што имал проблеми со црниот дроб, кој сега во последните фази се лекувал, но не успеал да се справи со последиците.

Advertisements

Фронтменот на бендот „Smash Mouth“ има низа хитови од раните 2000-ти, како што се „All Star“, „I’m a Believer“ и „Shrek“ и многу други.