Каде беше вашиот дом во времето на диносаурусите? Неверојатна интерактивна мапа сега одговара на тоа прашање покажувајќи колку континентите на Земјата се промениле во текот на милиони години.
Го опфаќа дури и периодот од пред 750 милиони години до денес.
Мапата Ancient Earth Globe открива како земјата всушност се трансформирала со текот на времето во однос на океаните и во исто време не потсетува дека луѓето се само еден момент во историјата на нашата планета.
Исто така, содржи низа алатки кои го олеснуваат откривањето на повеќе за Земјата, на пример, каде живееле првите влекачи или кога процветал првиот цвет.
Картата е создадена благодарение на истражувањето на Универзитетот во Северна Аризона, а зад неа стои поранешен инженер на Google, пишува Daily Mail.
Оваа интересна локација ви овозможува и да поминете низ времето, од изумирањето на диносаурусите до појавата на првите примати.
Dinozorlar devrinde eviniz neredeydi?
İnanılmaz etkileşimli harita, Dünya kıtalarının 750 milyon yıl öncesinden bugüne nasıl değiştiğini gösteriyor.
‘Ancient Earth Globe’ haritası, gezegenimizde kıtaların nasıl bölündüğünü ve yeniden şekillendiğini ortaya koyuyor. pic.twitter.com/DQZYzl2pIx— Ertan Özyiğit (@ErtanOzyigit) April 30, 2023
Доволно е да ја внесете саканата локација на мапата, за да можете да видите, на пример, каде биле Македонија, Велика Британија, САД, Европа, Африка, Австралија, Русија, Индија, Кина во времето на диносаурусите.
Можете исто така да видите дека во еден момент од нашата историја, на пример, Австралија и Антарктикот речиси се допирале.
Интересно, мапата покажува и каква била Земјата кога голем астероид ги збришал диносаурусите пред 66 милиони години.