Снимаше и кога дозна дека има тешка дијагноза – на 45 години почина актерката Ени Вершинг

Актерката Ени Вершинг почина на 45-годишна возраст, по долга борба со ракот. Таа ќе остане запаметена по улогите во сериите „Timeless“ и „24“

Сопругот на Ен, Стивен Фул, ја објави веста за нејзината смрт на социјалните мрежи:

„Денес има голема дупка во душата на ова семејство. Но, таа ни ги остави алатките да го исполниме“, напиша Фул, кој исто така е актер и има три деца со Ени.

Taa дозна за страшната болест во 2020 година, а и покрај лекувањето, продолжи да работи и да ја снима серијата „Star Trek: Picard“ и „The Rookie“.

Таа, исто така, го обезбеди гласот на Тес во популарната игра „The Last Of Us“, која подоцна беше адаптирана во серија од HBO.

Advertisements