Актерот Џуд Ло на прес конференција на филмскиот фестивал во Кан откри дека создал парфем за подобро да ја прикаже улогата на кралот Хенри VIII во новиот филм „Firebrand“ и предизвика неверојатна реакција на присутните.
Според него, тој сакал да ги прикаже последните денови на покојниот монарх со неговата шеста и последна сопруга Кетрин Пар, која ја игра шведската актерка Алисија Викандер.
Тој изјави дека прво нашол специјалист за парфеми, за да создаде мешавина што правилно ќе го долови мирисот на кралот за време на неговите денови кога страдал од чир на нозете.
„Прочитав неколку интересни извештаи дека можеле да го намирисаат Хенри три соби подалеку. Ногата му била многу скапана. Ја сокривал реата со масло од рози. Мислев дека ќе имам големо влијание ако мирисам ужасно“, објасни Ло на конференцијата.
Режисерот Карим Аинуз се присети дека мирисот е ужасен, кој се провлекувал низ целиот сет додека траело снимањето.
Jude Law read accounts of people being able to smell King Henry VII’s stench from three rooms away, so he wanted to “smell awful” on set. https://t.co/xIatqsxQat #Cannes pic.twitter.com/czpcs9av1w
— Variety (@Variety) May 22, 2023