(ВИДЕО) Дует кој долго го чекавме – Нина Бадриќ и и Петар Грашо направија песна што долго ќе се слуша

Двете најголеми хрватски поп ѕвезди Нина Бадриќ и Петар Грашо ги споија своите гласови во песната „Немој“ која ја претставија на последната вечер на музичката манифестација „Мелодије Јадрана“ која се одржа во Сплит. Омилените музичари снимија заеднички дует на радост на многубројната публика која долго време копнееше по нивната соработка, пишуваат хрватските медиуми.

Една година по големиот хит „Јел ти река ко“, Петар Грашо во песната „Немој“ пее со еден од најубавите женски гласови на овие простори Нина Бадриќ.

„Во кариерата ретко посегнувам по дуети. Во мојата 27-годишна кариера снимив само неколку од нив. За да се чувствувате удобно во соработките, сè мора да одговара – моментот, музиката и изведувачот. Јас и Нина долго чекавме да се сретнат сите три работи и тоа го дочекавме во песната „Немој“, изјави Петар.

Advertisements

Нина исто така сподели со јавноста како го доживеала дуетот со Петар и песната „Немој“:

„Од првиот пат кога се запознавме, јас и Петар се препознавме како музичари и луѓе и сите овие години зборуваме за нашиот дует со прекрасните пријателства кои не поврзуваат. Навистина го сакам неговиот сензибилитет и секогаш се разбиравме. Ни се случи вистинската песна и момент, а можеби конечно најдовме време да ја исполниме нашата долгогодишна желба. Се надевам дека публиката ќе ја сака исто како и јас на првото слушање“.