(ВИДЕО) Две години без Ѓорѓе Балашевиќ – го сакаше цела Југославија, а се плашеше да пее само во еден град

На денешен ден пред две години почина Ѓорѓе Балашевиќ, познат кантавтор кој обожуван во целиот регион на поранешна Југославија.

Вечното момче, панонски морнар, тврдоглав и никогаш губитник, знаеше да го обедини југот кога беше најподелен, а зборот Беќарац напишан на кирилица на тротоарот во загрепска Илица на денот на неговата смрт беше само уште една потврда колку тој беше омилен кај публиката.

Ѓорѓе Балашевиќ имаше ретка енергија, способност да ја раздвижи својата публика, да ја насмее, да ја крене. Неговите концерти се распродаваа во сите градови, освен во еден град. Ѓоле еднаш рече дека еден град особено го „преплашил“, пишува српски Телеграф.

Advertisements

„Отсекогаш сум имал фобии од концерти во Љубљана. Му се јавувам на типот ден пред концертот да прашам колку билети се продадени, да знам што ме чека, а тој ми вели: Штири!“ (словенечки „четворка“). ЧЕТИРИ карти!? Не ни помислував дека ќе одам на концерт! Но, тие ме уверуваа дека се ќе биде во ред, дека треба само да дојдам… Доаѓам на концертот, излегувам на сцената, а во публиката се наполнија неколку столчиња и неколку деца кои беа донесени да застанат на сцената. Страшно… Затоа отсекогаш се плашев од Љубљана – изјави Балашевиќ во живо на концерт во Љубљана во 2003 година.

Во сеќавање на неповторливиот Балашевиќ да ја слушнеме „Не ломите ми багрење“…