(ВИДЕО) Хрватите ги воодушевија евровизиските фанови со своите сукњи

Хрватските претставници на овогодинешниот Евросонг на тиркизниот тепих Лет 3 се појавија во уникатни стајлинзи и ги воодушевија евровизиските фанови, пишува Индекс.хр.

Лет 3 на свеченото отворање на 67. избор за песна на Евровизија во Ливерпул пристигнаа во луксузни костими дизајнирани за нив од Јурај Зигман. Сите освен Прља имаа костими со мотивот на хрватското знаме, додека тој имаше костим во боите на Украина.

Лет 3 ги соблекоа костимите на тиркизниот тепих и останаа во суќњи под кои носеа бела долна облека и кошули. На главите имаа капи кои се дел од сценскиот настап на Евровизија, а беа и нашминкани.

Иако најавија дека во Ливерпул ќе пристигнат со златен трактор, ќе мораат без него бидејќи, како што откри Мрле на својот Инстаграм, „тракторот е заглавен поради Брегзит“.

Advertisements

За Лет 3 и уште 36 претставници денеска официјално започна Евросонгот со изведбата на хитот „Come Together“ на Битлси, а сите претставници се потрудија да се истакнат на ова прво претставување пред публиката на тој музички натпревар.