(ВИДЕО) Кабаева, големата љубов на Путин по долго време се појави во јавност – велат има големи политички амбиции

Алина Кабаева (39), добитничка на златен олимписки медал во гимнастика, која неколку години се поврзува со рускиот претседател Владимир Путин, неодамна присуствуваше на Купот „Евгенија“ во Омск, Сибир и позираше со гимнастичарите и другите членови на жирито, пишува „Дејли мејл“.

На настанот Кабаева носеше миди фустан со цветен дезен и шорцеви во неутрална боја. Се гледа дека таа ги следи трендовите на полето на модата и убавината и по облеката и по фризурата.

Секое нејзино појавување во јавноста е проследено со бројни коментари, се анализира нејзиниот изглед и секое движење кое може да навести интригантни детали за кои има многу приказни.

Advertisements

„Дејли мејл“ пишува дека претходно се криела во Швајцарија, каде во 2015 година родила едно од двете деца што ги има со Владимир Путин.

„Санкциите што и беа наметнати поради рускиот претседател и ги ограничија патувањата на Запад, а во Омск пристигна под силно обезбедување“, пишува британскиот весник.

Нејзиното појавување на спортскиот настан доаѓа во време на шпекулации дека Алина, бара политичка улога во неговиот режим.

Според една теорија, таа сака да ја наследи претседателката на Советот на федерацијата, горниот дом на Сојузното собрание, 74-годишната Валентина Матвиенко, која се очекува да се пензионира.

„Дејли мејл“ пишува дека таквиот „непотистички потег би можел да поттикне гласини дека таа на крајот би можела да го наследи Путин како претседател“.

Кабаева, која носеше бурма што може да укаже на нејзиниот таен брак со Путин, на средбата со Матвиенко била придружувана од бројни телохранители.

Никогаш немаше официјална потврда за врската меѓу Алина Кабаева и Владимир Путин. Спортистката во ТВ интервју пред 15 години изјави дека го запознала својот совршен маж кој многу го сака. Потоа била интервјуирана од студенти, а една девојка ја прашала кој е последниот подарок што му го дала на нејзиниот „идеален маж“, Алина одговорила дека тоа е „палто со крзно, многу убаво“.

Според „Дејли мејл“, Путин е виден во таков капут.

Кабаева (@alinakabaeva.officiaal)