(ВИДЕО) Која е убавицата што го шокираше Кан – обезбедувањето веднаш ја исфрли, Твитер протестира

Во видеo што веднаш доби поддршка на социјалните мрежи се гледа како една девојка облечена во фустан со боите на Украина се појави на црвениот тепих во Кан, помина покрај обезбедувањето на фестивалот и откако се искачи на скалите, од градникот извади две ќеси со течност налик на крв и се полеа себеси.

Постапката на обезбедувањето предизвика многу реакции, пред се поради тоа што девојката беше веднаш отстранета, иако сакала само да го потсети светот на војната во Украина. Многу твитерџии ѝ дадоа поддршка коментирајќи дека станува збор за многу храбар чекор.

„Зошто веднаш беше отстранета? Што на земјата се случуваше што беше толку важно што таа не можеше да биде во центарот на вниманието ниту една минута? Богатите да можат да пијат шампањ и да јадат кавијар..?“, се вели во реакција на Твитер.

Advertisements

По овој настан, сите се прашуваа која е храбрата девојка?

Станува збор за Илона Чернобеј, позната украинска фитнес инструкторка и блогерка, која видеото од настанот го објави на својот Инстаграм профил каде што и напиша.

„Ја искористив мојата шанса и на овој начин го потсетив светот што се случува во Украина“.