Осман Демирел, кој ги изгуби своите три деца во земјотресот во центарот на Кахраманмарас, рече дека алчноста на луѓето ги зголемила размерите на катастрофата во Турција. „Станавме жртви на нашата алчност“, нагласи тој, пренесува Н1.
Во земјотресот, што се случи во Кахраманмарас на 6 февруари, беше уништена шесткатницата Хисар. Осман Демирел, кој живеел во таа зграда, ја избегнал трагичната судбина на своето семејство бидејќи бил на работа, додека неговите три деца го загубиле животот. Сопругата на Демирел преживеала со повреди.
Објаснувајќи ја големата болка што ја доживеал, Осман Демирел рече дека луѓето се одговорни за овој земјотрес.
„Станавме жртви на нашата алчност и амбиции“, рече тој.
„Побаравме илјадници лири за куќи кои не вредат толку. Затоа станавме жртви на нашата неблагодарност и алчност“, изјави разочараниот татко.
На крајот рече дека „Господ не потсети дека е сопственик на имотот“.