Лиза Мари Присли ќе биде погребана во Грејсленд – имотот на нејзиниот татко Елвис Присли, каде во петокот се собраа нејзините и обожавателите на нејзиниот татко.
Пејачката и текстописец, ќе биде погребана покрај нејзиниот син Бенџамин Киу, кој почина во 2020 година, изјави претставничка на нејзината ќерка, актерката Рајли Киу.
Кралот на рокот Елвис Присли и други членови на семејството се исто така погребани на имотот.
Фановите и оддадоа почит на Лиза Мари Присли со пораки на камениот ѕид на Грејсленд, оставија цвеќиња и споделија спомени за единственото дете на Елвис Присли.
Лиза Мари Присли почина на 54-годишна возраст во четвртокот, неколку часа откако итно беше пренесена во болница. Таа не живеела во Грејсленд, каде што е родена, но редовно го посетувала градот за прославите на роденденот на нејзиниот татко и годишнините од неговата смрт. Елвис Присли беше пронајден мртов во својата палата на 16 август 1977 година, кога имал 42 години. Лиза Мари Присли минатата недела беше во Мемфис на 88-годишнината од раѓањето на Елвис.