Погледнете го трејлерот од новиот филм на Џенифер Лопез насловен „Мајка“ во кој славната пејачка глуми убиец.
„Јас сум убиец. Но, јас сум и мајка. Ќе умрам штитејќи ја”, изјави Лопез во трејлерот објавен на официјалниот канал на Нетфликс на Јутјуб.
Првиот впечаток на фановите е одличен. Еве што коментираа некои од нив под објавеното видео.
„Изгледа неверојатно. Џеј Ло требаше да биде акциона ѕвезда од самиот почеток. Таа изгледа проклето добро на 52 години. Конечно не е романтичен филм. Ова во основа е римејк на „Долгиот бакнеж за добра ноќ“? Прегледите за ова ќе бидат многу позабавни од вистинскиот филм“„ Џеј Ло сега е Рамбо“.
Режисер на филмот е Ники Каро. Таа вели дека Џенифер била многу заинтересирана за главниот лик во „Мајка“, кој, како што вели е „ретка комбинација на акција и искрени емоции“.
Филмот пристигнува на 12 мај.