„Ме боли“ е новата песна на Мијата во музичка соработка со групата Фолтин од Битола.
Песната ќе има и целосна француска верзија со наслов “C’est joli“, а која ќе биде премиерно изведена на TV5 Monde, француска телевизија која ги подржува франкофоните ширум светот.
Видео записот се случи во соработка со универзитетот Европа Прима, каде магистрант е актерката Јелена Мијатовиќ, која направи трансформација за потребите на изведбата, додека Бојан Секулоски, професор на истиот универзитет, ги изработи снимањето, фотографијата, колор корекцијата и монтажата.