Актерот Брус Вилис вчера го прослави својот 68 роденден со семејството.
Неговите блиски се потрудија овој ден да биде незаборавен.
Тој во последно време е во фокусот на медиумите поради тешката дијагноза со која се бори, а видеото за неговиот роденден потресе многумина.
Имено, поранешната сопруга на актерот, Деми Мур, објави видео од прославата.
Неговите обожаватели забележаа дека Вилис изгледа нестабилно на нозе и изгледа како да ќе падне во секој момент, а исто така коментираат дека има знаци на тешката болест со која се бори, бидејќи се гледа дека му недостасува еден од преден заб.
View this post on Instagram
„Ми се плаче кога го гледам ваков“, „Не ми изгледа добро“, „Тешко се движи“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
„Среќен роденден, Б.В.! Мило ми е што славевме денес. Те сакам и го сакам нашето семејство. Ви благодариме на сите за љубовта и добрите желби – сите ги чувствуваме“, напиша Деми Мур под видеото.
Да потсетиме, минатата година во јавноста одекна веста дека актерот го напуштил актерството поради афазија. Подоцна беше објавено дека болеста напредувала и му била дијагностицирана фронтотемпорална деменција.