(ВИДЕО) Му се распукаа панталоните на Хари Стајлс на незгодно место – Џенифер Анистон имаше што да види

Познатиот Хари Стајлс имаше навистина баксузен ден на својот концерт во Инглвуд, Калифорнија.

Хари кој е познат по своите енергични настапи пеејќи ги своите хитови во еден момент му пукнале панталоните меѓу нозете. Во тој незгоден момент пејачот се насмеал и се покрил со знамето на LGBTQ заедницата, кое некој му го фрлил од публиката.

Потоа се пресоблекол во други кожни панталони и ѝ се извинил на публиката.

„Ми се скинаа панталоните. Чувствувам дека треба однапред да им се извинам на неколкумина“, се пошегувал Хари.

Во првиот ред седела и холивудската актерка Џенифер Анистон, а твитерџиите како по обичај одлично се забавуваа на сметка на славниот Хари.