(ВИДЕО) Не сте виделе поубава невеста – се омажи ќерката на легендарниот Лајонел Ричи

Манекенката Софија Ричи (24), ќерка на легендарниот Лајонел Ричи, му го кажа судбоносното „да“ на вереникот Елиот Гранџ.

Убавата невеста пред олтарот ја донесе нејзиниот татко и му ја предаде на Елиот, а свадбената церемонија се одржа во луксузниот хотел „Кап-Еден-Рок“ на југот на Франција.

Неколку недели пред церемонијата, невестата го посети салонот Шанел во Париз, заедно со нејзината свекрва Лејди Керолин Гранџ и нејзиниот најдобар пријател Али Малер.

Advertisements

Софија избра три тоалети за најважниот ден во својот живот, а на самата свадбена церемонија блесна во креација со отворен грб со долг вез. Таа носеше романтичен проѕирен превез над главата, а косата и беше  во пунџа.