(Видео) Оваа убавица не е модел, туку полицајка во најопасниот град на наркобосови и криминал

Жената на оваа фотографија е номинирана за воена инфлуенсерка на годината на „Instafest“. Станува збор за награда која има за цел да им оддаде признание на професионалците кои креираат дигитални содржини со големата публика.

Таа е од Колумбија и се вика Дијана Рамирез. Има многубројни обожаватели ширум светот, а станала популарна откако се прочуло дека е полицајка.

Рамирез патролира на улиците на најопасниот град, колевката на нарко-картелите, Меделин и не би се откажала од својата работа поради инфлуенсерскиот живот на социјалните мрежи.

Advertisements

„Сè на полицијата ѝ должам, пред сè што ме направи професионална и жена каква што сум денес“, изјавила таа.

Таа на многу од социјалните мрежи е прогласена за „најубавата полицајка на светот“, а во интервју за странските медиуми истакнала дека е „почестена што ѝ служи на полицијата“.

„Чест ми е да ја претставувам полицијата во оваа номинација“, изјавила Дијана во врска со тоа.Кога повторно би имала можност да бирам кариера, не би се двоумела и повторно би станала полицајка затоа што благодарение на оваа институција сум тоа што сум“, изјавила таа за „JamPres“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Diana Ramirez (@dianelly_17)