(ВИДЕО) Потресна снимка од болничкиот кревет: Пеле се простува од семејството и пријателите!

Како што пренесуваат медиумите ширум светот, поранешниот бразилски фудбалер Пеле веќе се простил од семејството и пријателите од болничкиот кревет.

Објавено е и потресно видео од болницата кое можете да го погледнете во продолжение, а не се оптимистички ниту пораките на членовите на семејството.

Состојбата на Пеле се влоши во последниот месец, тој беше примен во болница на 29 ноември, а срцето и бубрезите сега се загрозени поради рак на дебелото црево.

Advertisements

Божиќ го помина во болница, а децата на Пеле споделија слики со нивниот татко на социјалните мрежи.

„Се уште сме тука, во борба и со верба. Уште една заедничка ноќ“, напиша неговата ќерка под фотографијата.

Пеле има 82 години, легенда на бразилскиот и светскиот фудбал и предводник на една од најдобрите селекции во историјата, која трипати со него на теренот го освојуваше Мундијалот – во 1958, 1962 и 1970 година. Во декември 2000 година ја подели наградата за најдобар фудбалер на 20 век со Диего Марадона.