Во морето од познати личности, на удар на цртаниот филм „Саут Парк“ се најдоа принцот Хари и Меган Маркл.
Во најновата епизода, насловена „The Worldwide Privacy Tour“, славната двојка не е именувана, но се чини дека се нарекува двојка која бара приватност од печатот.
Епизодата се фокусира на принцот од Канада и неговата сопруга, кои го посетуваат градот „Саут Парк“ и држат табли на кои пишува „Ја сакаме нашата приватност!“ и “Престанете да не гледате!”
Во најновата епизода на „South Park“ може да се види како принцот ја промовира својата нова книга насловена „Waaaaagh“.
South Park makes fun of Harry and Meghan. As usual, they get it spot on. ?? pic.twitter.com/JURRIgHvsF
— Chris Rose (@ArchRose90) February 16, 2023
„Ми здодеа да слушам за нив! Не можам да се извлечам од нив“, изјави во серијата еден од главните ликови Кајл Брофловски.
Принцот е опишан како „кралски принц, милионер, светски патник, жртва“, додека неговата сопруга е опишана како „девојка, актерка, инфлуенсер и жртва“.