(ВИДЕО) Шведска со Лорин победи на Евровизија, навистина заслужено

По гласањето на жирито и публиката во евровизиската сала во Ливерпул, беше објавено дека Лорин, претставничката на Шведска, е победничка на годинешниот избор за песна на Евровизија со песната „Тетоважа“.

Лорин на својата земја и донесе најмногу поени од гласањето на националните жирија вкупно 340, а  од публиката освои 243.

 

Лорин и според прогнозите на обложувалниците цело време беше фаворит. Таа со песната „Тетоважа“ веднаш ја освои публикат која со овации и силен аплауз го проследи нејзиниот настап.

Advertisements

Лорин, нам ни е позната по победата со песната „Еуфорија“ во 2012 година, која беше една од најслушаните песни во историјата на ова натпреварување.