Легендарните Рибља Чорба и Бора Ѓорѓевиќ, свирејќи на гитара, со песна го најави концертот кој ќе се одржи во Охрид на 31-ви јули во Античкиот театар.
Бора Чорба и неговиот бенд, ги повикаа сите нивни обожаватели на забава под отворено небо и ветија дека тоа ќе биде уште еден добар концерт. А, како може да биде поинаку кога ќе може да уживаме во „Лутка са насловне стране“, „Кад сам био млад“, „Погледај дом свој анџеле“, како и многу други евергрини.
Со музика од песната „Билјана платно белеше”, а со стихови во кои ги повикува туристите во Охрид, да го проследат неговиот концерт во Античкиот теaтар, Бора го најави настанот на кој ќе се изведат голем број хитови кои бендот ги создаде во изминатите децении на сцената.
Почетокот на овој концерт кој ветува незаборавна вечер е во 21.30 часот.