(ВИДЕО) Спектакуларен дочек на Новак Ѓоковиќ во Белград

По освојувањето на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ конечно пристигна во Белград, каде неговите навивачи решија да му приредат спектакуларен пречек со огромен огномет.

По Австралија, Ѓоковиќ се одмори, реши да ги наполни батериите по многу важната титула на првиот Грен слем турнир годинава, а успеа да пристигне во Нови Сад каде на 14 февруари заедно со сопругата Јелена присуствуваше на концертот на Жељко Самарџиќ, а со него и танцуваше на балконот со неговата Јелена.

Потоа, Ѓоковиќ допатува во Белград, и доби пречек и огномет.

Advertisements

Новак со победата во Австралија се израмни со шпанскиот тенисер Рафаел Надал со 22 грен слем титули во кариерата, додека српскиот тенисер убедливо го држи рекордот по број на пехари во Мелбурн.

Овогодинешното издание на Австралија опен беше и едно од најдобрите во кариерата за Новак Ѓоковиќ, кој загуби само еден сет на патот до титулата.