(ВИДЕО) Турција нема никогаш да го заборави Протео – погледнете како го слават храбриот волчјак

На зграда во турскиот град Измир насликан e портрет на мексиканското куче Протеo, кое загина за време на спасувачка мисија во Турција.

Германскиот овчар Протео пристигна во Турција неколку часа по двата разорни земјотреси на почетокот на февруари. Тој од под урнатините спаси три лица.

Мексикански тим пристигна во Адијаман на почетокот на февруари за да помогне во потрагата и спасувањето на луѓето под урнатините по разорните земјотреси во Турција.

Advertisements

Протео беше дел од 150-члениот тим кој дојде во Турција од Мексико. Тој одигра важна улога во извлекувањето на три лица од под урнатините во Измир, но загина за време на една од операциите за пребарување и спасување.

Тренерот на Протео, Хуан Карлос Виледа Маркез, претходно изјави за Анадолија дека кучето учествувало во спасувачки операции во многу региони на Хаити, Гватемала и Еквадор, како и во Мексико.

Маркез рече дека последната мисија на Протео била Турција.

„Тој ја заврши својата мисија. Го донесовме овде бидејќи имаше големо искуство. И тука помогна да се спасат човечки животи. Открил многу локации со луѓе. Тој беше многу вредно куче за нас. Како прво, изгубив драг пријател. Јас сум многу тажен. Учествувавме во многу операции заедно“, изјави Маркес.