На Твитер се споделува видео на кое се гледа како туристка се качила на Фонтана Треви, најголемата и најраскошна барокна фонтана во Рим за да наполни шише со вода, наспроти сите знаци кои предупредуваат дека станува збор за историска знаменитост, а забраната за какви било активности во и околу неа мора да се почитува.
Туристкатата била пречекана од обезбедувањето, но и покрај нивното објаснување, таа не разбрала каде згрешила, а на социјалните мрежи се нижат коментари:
„Мора да е Американка“, „Американка или Британка“, „Некои луѓе не можеш да ги однесеш никаде“, коментираат разлутените твитерџии.
Претходно исто така турист од Бугарија ги револтира Италијанците кога го издлаби името на својата девојка во Колосеумот.
A woman stunned onlookers as she walked across the Trevi Fountain and used one of Rome’s most iconic tourist attractions to fill up her water bottle. pic.twitter.com/3rWlx03AvA
— Storyful (@Storyful) August 14, 2023