(ВИДЕО) Турската филмска ѕвезда Мехмет Куртулуш ќе снима филм во Скопје

На урбаните улици на Скопје, Влае и Чаир, како и на делови од Струга, ќе биде сниман долгометражниот филм „Мала грешка“, чиј главен актер ќе биде Мехмет Куртулуш.

Филмот ќе се продуцира преку проект поддржан од Агенцијата за филм, соопштија вечерва од „Пик продукција“.

– Водечка актерска улога ќе ја има наградуваниот турски актер Мехмет Куртулуш, познат по својата работа на меѓународни проекти, проекти во продукција од „Нетфликс“, како и добитник на награди на престижни фестивали како што се „Locarno international film festival“ и „Thessaloniki film festival“. Додека останатиот дел од актерската екипа ја сочинуваат актери од Македонија и Турција. Креативниот тим што ќе биде вклучен од Македонија ги вбројува Фејми Даут, директор на фотографија, Александра Петкова, сценографка, Онур Озџан, костимограф, Александра Кардалевска, директорка на кастинг, се додава во соопштението.

Advertisements

На филмот ќе работат „ПИК продукција“ од Република Северна Македонија, „Gokhan Tiryaki production“ од Турција, „Ротанет“ од Турција и „Tales enterprise ltd“ од Англија.

– Овој филм покажува како меѓународните копродукции можат да донесат значителни инвестиции и културна размена во Северна Македонија. Не само што овој проект ќе донесе внимание на земјата, туку ќе отвори и нови можности за локалните таленти и креативните индустрии. Во моментот е затворен изборот на улоги и финализирана е филмската екипа во Македонија, снимањето на „Мала грешка“ е закажано за 8 октомври, се додава во соопштението.

 

Во продолжение погледнете го видеото на славниот актер со улогата во еден од најгледаните турски филмови „Косем“.