Фудбалерот Златан Ибрахимовиќ и неговата сопруга Хелена Сегер привлекоа големо внимание на премиерата на филмот „Астерикс и Обеликс“ во Париз.
Ибрахимовиќ во филмот ја оствари својата прва улога и тоа како негативец, а дали ќе продолжи по тие стапки засега останува непознаница.
На премиерата Златан бил облечен во црн, класичен костум, а неговата сопруга Хелена носела златен фустан со длабок прорез на грбот.
Напаѓачот на Милан на социјалните мрежи пред неколку месеци го објави трејлерот за филмот „Астерикс и Обеликс“.
Станува збор за нов филм со познатите ликови, а Ибрахимовиќ го толкува ликот по име Антивирус.

View this post on Instagram