15 семејства на загинати бранители трпат неправда повеќе од 20 години, Ангелов ќе ја напушти коалицијата со СДСМ

Стојанче Ангелов од „Достоинство“ изјави дека доколку не помине предлог одлуката на „Достоинство“ за надминување на проблемот со 15 семејства на загинати бранители и воени инвалиди, дека ќе ја напуштат владината коалиција.

– Постоеше добра волја од страна на премиерот, министерската Петровска настојуваше да ја истурка оваа одлука во владата. Кога видовме дека нема да помине, изработивме предлог закон за измени и дополнување на постоечкиот закон за бранители со само една точка – исправање на неправдата која се провлекува повеќе од 20 години и бев изненаден кога во Собранието во првата фаза овој предлог закон доби поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ и од пратениците од СДСМ. Ние на следните избори нема да бидеме дел од коалицијата предводена од СДСМ, со тоа што се уште не сме имале средба да зборуваме на оваа тема. – рече Ангелов за Студио 10 на ТВ 24.