24 април и 8 мај се неработни денови и нема да се одработуваат

На 16. седница, Владата заклучи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на  Македонијa.

Ова како што појаснуваат во владиното соопштение е заради непречено спроведување на изборите за Претседател на Македонија и изборите за пратеници во Собранието.

Овие два неработни дена нема да се одработуваат, прецизираат од Владата.

Advertisements