48-часовен притвор на две лица одредил Основниот кривичен суд Скопје кои се осомничени дека се инволвирани во киднапирањето на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски.
Министерството за внатрешни работи информира дека двајцата осомничени со иницијали В.М. и С.Ч. биле приведени вчера.
„На 08.03.2023 година од полициски службеници од СВР Скопје, вели МВР, се лишени од слобода В.М. и С.Ч., поради сомнение за ниван инволвираност во случајот со исчезнатото лице С.К.(26) од Скопје.
Двете лица денеска се изведени пред ОЈО Скопје, а потоа и пред судија на претходна постапка , при што им е одредена мерка притвор во траење од 48 часа“, информира МВР.
Инаку, деновиве се појавија информации дека Костадиновски е киднапиран од криминална група од Албанија и Турција во обид да се наплати долг.