Основното јавно обвинителство (OJO) Битола поведе истражна постапка против 61-годишно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – задоволување на полови страсти пред друг од член 190 став 3 во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Како што соопшти oбвинителството, основаното сомнение дека пријавениот го сторил кривичното дело произлегува од обезбедените докази, вклучително и вербални искази на две девојчиња на возраст под 14 години, пред кои осомничениот преземал дејствија на полово задоволување на јавно место во повеќе наврати.
„Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Битола достави предлог за определување притвор на осомничениот“, се вели во соопштението на јавното обвинителство.