По синоќешната ликвидација на Јетон Кривањева (Жила) и Енис Исени (Љаци), што соодствува на иницијалите што утрово ги соопшти полицијата („пет лица облечени во црна облека со фантомки од огнено оружје пукале кон Ј.К. (37) и Е.И. (28), кои починале на местото на настанот“), неофицијално, е продолжение на пресметките меѓу ривалските нарко групи во скопско кои се во судир веќе неколку години, а нивното ривалство ги полни полициските билтени со убиства, пукање, запалени возила и крвна освета, пишува порталот А1он.
Жила и Љаци наводно припаѓаат на кланот од Грчец и имаат нерасчистени сметки со членови на групата „Беланоца“ од Ченто. Сепак полицијата допрва треба да утврди кој стои зад двојната ликвидација во чаршијата и дали се работи за пресметка меѓу подземјето.
Целата сторија на порталот А1он може да ја прочитате ОВДЕ.