Агелер ги охрабри граѓаните – пријавуваат корупција во Амбасадата на САД, наместо во Обвинителството

Амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер откако обзнани засилена и неселективна битка против корупцијата во земјава почнаа да стасуваат писма на адресата на Амбасадата во Скопје од засегнати граѓани кои не ѝ се непознати на македонската јавност.

Најавите на Агелер, минатата недела дека тим за санкции од Вашингтон кој е во земјава ќе истражи дејствија на поранешни, но и на сегашните корумпирани актери, како и нејзиниот став дека на правосудниот сектор во Македонија му требаат повеќе истраги за да се покаже дека никој не е над законот ги поттикна граѓаните да ѝ се обратат на амбасадорката – едни да ја охрабрат во бескомпромисната битка, а други за да ѝ посочат на свои сознанија за корупција и криминал.

Дополнително, амбасадорка, со изјавата дека има забелешка и околку изборот на новиот шеф на јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција гостиварскиот обвинител Ислам Абази, ги мотивира граѓаните наместо во Обвинителството, наводите и индициите за корупција да ѝ ги доставуваат преку писма.

Advertisements

Просветниот инспектор во пензија Ѓорѓи Илиевски кој се најде на удар на властa откако во  Државната комисија за спречување на корупцијата пријави  случај со наводното незаконско унапредување во наставно-научни звања на тројцата функционери Арбер Адеми, Агим Нухиу и Сафет Емрули, сега на амбасадорката Агелер, во писмо и посочува неколку примери на непотизам во Академијата за судии и јавни обвинители.

„Еве, како политичко – непотистички работи Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ – Скопје, а кои синови, ќерка, зет се избрани кандидати во 2022 година. Од страна на политичката партија ДУИ се: од судијата во Виш управен суд Субхи Јакупи – неговиот син Илир Јакупи, од судија во Апелација Енвер Беџети – неговиот син Јетмир Беџети, од нотарот, Екс директор на Биро за јавни набавки Алмир Садики – неговиот зет Исмаил Исени, претседател на Собрание Таљат Џафери – неговиот син Барлет Џафери“, вели инспекторот во писмото до амбасадорката.

Понатаму, тој наведува дека од страна на политичката партија СДСМ се избрани:

„ Од обвинителот ОЈО ГОК Елизабета Јосифовска – нејзиниот син Драган Јосифовски, од претседател на судски совет Киро Здравев – неговиот син Зоран Здравев, од претседател на совет на обвинители Антонио Колевски – неговиот син Иван Колевски, од обвинител ОЈО ГОК Гордана Смаќоска – нејзината ќерка Билјана Смаќоска. Е, вака работи почитувана екселенцијо Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ – Скопје. Па, затоа довербата во правосудскиот систем, од македонските граѓани е една голема НУЛА (zero),“, наведува Илиевски.

Тој потсетува и на последниот скандал  со синот на собранискиот претседател Талат Џафери:

„ Синот на Таљат Џафери, претседателот на Законодавниот дом, положил правосуден испит пред да дипломира, утврдила Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), што е спротивно на Законот и условите и начинот на спроведување на испитот. Иронијата да биде поголема ДКСК неможе да отвори предмет за случајот Барлет Џафери, бидејќи Министерството за правда не ја чува документацијата?! Иако документацијата е од траен карактер. Скандал! Ова е организиран криминал, каде што има и судир на интереси, каде што членот на ДКСК Нури Бајрами е баџанак (жените се сестри) со Таљат Џафери. Притоа, покрај магистрирање на еден правник, за да полага правосуден испит, доколку е магистер, истиот треба да има доказ дека една година има практика кај адвокат, нотар, извршител, суд или друго правно лице!!! Поткопан е правосудниот систем и тешко дека оваа состојба може за брзо да се нормализира!, пишува Илиевски.

Претходно, отворено писмо до амбасадорката Агелер, кое што го објави порталот МКД испрати и  Ангел Наков од Гевгелија во тој нагласува дека токму „најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот“.