(ВИДЕО) Агелер: „Многу пари се вложуваат во судството, а каде се резултатите? – Корупцијата е канцер во државата!

„Корупцијата тука има навлезено во сите сектори, во сите гранки на Владата, на бизнисите. Луѓето во Северна Македонија се соочуваат со корупција во секојдневниот живот“, изјави во интервју за ТВ21 амбасадорката на САД, Анџела Агелер.

„Корупцијата е епидемија, канцер во државата. Тие кои вршат корупција, се крадци. Крадат од државата и нејзините граѓани“, рече Агелер.

Амбасадорката се осврна и на судството и обвинителството, за кое кажа дека многу пари се вложуваат во македонското судство, а резултатите ги нема.

„Во судсвото е потребно да има обвинители, судии, истражувачи кои ќе кажат „Доста е“. Многу пари се вложуваат во судството, а каде се резултатите?“, праша Агелер.

Advertisements