Ахмети повика на обединување на Албанците и Македонците – „да ја водиме оваа земја кон ЕУ“

Да ги обединиме сите Албанци, да го направиме проевропскиот фронт, да ги повикаме нашите македонски сограѓани и да ја водиме оваа земја кон ЕУ, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети на вчерашната партиска средба со граѓани на Општина Врапчиште.

„Со НАТО добивме многу, имаме безбедност во државата и сме еднакви со сите земји членки. Се бориме против криминалот, корупцијата, поделбите, затоа што работевме и ќе работиме за единство и зближување околу заедничката платформа, за новите генерации, затоа што на нивни плеќи се креваат други генерации. Се гордеам со нашите кадри секаде каде што се претставуваат, затоа мора да инвестираме во квалитетни кадри“, изјави Ахмети.

Тој нагласи дека ДУИ е посветена на стабилност, безбедност, ветинг и благосостојба.

Advertisements

“Посветени сме на обединување на политиките во државата, затоа што сега е решавачкиот момент за единство и заеднички јазик, сега е моментот за проевропскиот фронт“, рече Ахмети и порача дека не треба да гледаме во минатото, туку во иднината и да се инвестира во младите.