Познатите трговски брендови „Веро“ и „Џамбо“ доаѓаат во Струмица. Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов денеска му го предаде одобрението за градба на сопственикот на компанијата „Веропулос“, Николаос Веропулос.
„Аирлија мои струмичани, познатите брендови Веро и Џамбо ќе ги имаме и во Струмица!“, објави Костадинов на Фејсбук.
Како што објави струмичкиот градоначалник, инвестицијата изнесува три милиони евра, а ќе се реализира во северниот дел од градот во новопланираната станбена зона, покрај магистралниот пат на излезот од Струмица кон Василево.
Во новиот „Веро“ маркет и продавницата „Џамбо“ ќе се вработат 70 лица, а трговскиот објект со супермаркет ќе има современа архитектонска градба и атрактивен облик на површина од 5.000 метри квадратни.
Со 300 маркети брендот „Веро“ е еден од најуспешните продажни синџири во трговијата на мало на Балканот.