„АЈДЕ ДА ПОТПИШЕМЕ „МАКЕДОНСКА ПЛАТФОРМА“ И ТАКА ДА ГИ ЗАПРЕМЕ УЦЕНИТЕ“ – ЛЕВИЦА ОБЈАВИ ПОНУДА ДО СИТЕ МАКЕДОНСКИ ПАРТИИ

Политичката партија Левица објави јавна понуда за потпишување Македонска платформа во ПЕТ ТОЧКИ од страна на сите промакедонски политички партии.

Целта на „Македонската платформа“, вели Левица, е  утврдување национален консензус заради превенција од постојните уцени при составување влада, кои доаѓаат од партиите на албанското малцинство (потписници на т.н. Тиранска платформа) – а со единствена цел да се запре понатамошното разградување на Република Македонија и нејзино претворање во полупротекторат, се вели во партиското соопштение.

Еве ги петте точки од Македонската платформа што ја предлага Левица:

Advertisements
1. УНИТАРНОСТ – надминување на федералниот, консоцијациски бинационален модел на држава и напуштање на заостанатиот апартхејд-модел за гетоизација на етничките заедници и националните малцинства;

2. ТЕРИТОРИЈАЛЕН ИНТЕГРИТЕТ И СУВЕРЕНИТЕТ – oрганизирање на Република Македонија во една изборна единица и забрана на монолитни и чисто етнички партии;

3. ИДЕНТИТЕТ – распуштање на т.н. Историски комисии за ревидирање на македонската антифашистичка историја и одлучно „не“ за внесувањето на Бугарите во Уставот;

4. СЕКУЛАРНОСТ – строго одделување на верските заедници и религиозни групи од државата и јавните институции и нивно одданочување;

5. ДРЖАВНИ ИНСТИГНИИ – строга контрола и надзор над правилната употреба на државните симболи (грбот, знамето и химната) од страна на државните органи, општините и приватните субјекти при сите прослави и манифестации.