Смртни закани во пораки на социјалните мрежи од профили на бугарски граѓани, но и од Македонци кои се декларираат како Бугари, добива пејачот Ламбе Алабаковски, откако го опожари клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола.
Ова како што јави ТВ Телма го изјави во судница како сведок на обвинителството во судскиот процес против Љупчо Георгиевски, поранешен претседател на згаснатиот бугарски клуб, кому му се суди за предизвикување омраза и дискриминација кон македонскиот народ и придобивките од НОБ.
„Најчесто добивам директни пораки со смртна закана кон мене и кон моето семејство. И ден денес ги добивам тие пораки“, рече сведокот Ламбе Алабаковски.
Алабаковски ги објасни и мотивите за опожарувањето на објектот и рече го призна делото и веќе има пресуда.
„Не смее да има таков клуб со име на докажан фашист како што е Ванчо Михајлов“, додаде Алабаковски.