Аларм се вклучи во „ер-трактор“ – технички проблеми со контролата на летање

Центарот за управување со кризи извести дека од Контрола на летање утрово е пријавен настан за вклучен аларм во контрола на летање на авион што има технички проблем.

„По остварените контакти со Контрола на летање првично не можеше да се утврди локација на авион и се претпоставуваше дека се работи за ,,ер-трактор”, еден од авионите за гаснснење пожар на Дирекцијата за заштита и спасување. Од ЦУК се известени Дирекцијата за заштита и спасување каде што истите беа на местото на настанот и утврдиле дека се работи за нивен „ер-трактор” кој јавувал грешка во системот“, велат од ЦУК.

Од страна на ДЗС е направен рестарт на системот и ситуацијата е нормализирана без никакви проблеми, велат од ЦУК, па додаваат дека истата информација е потврдена и од Контрола на летање.

Advertisements