Алијанса бара на црната листа на САД да се најдат и недопирливите од случајот „Маѓар телеком“

Алијанса за Албанците го поздрави настојувањето на САД за интензивирање на борбата против корупцијата во Западен Балкан и особено во Македонија.

Реакцијата од оваа партија доаѓа по изјавата на американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер дека тим за санкции од Вашингтон пристигнал во земјава за да изврши поагресивен увид во поранешните и сегашните корумпирани актери, и да ги разгледа сите можни одговори.

– Денешната мисија ја покажува решеноста на американската администрација да ја отстрани оваа чума што го поткопува развојот на нашите држави и иднината на нашата младина во земјава. Вметнувањето на Груевски и Мијалков во американскиот список за санкции беше констатација за фактичката состојба на терен, бидејќи против нив има правосилни решенија за корупциски дела, велат од Алијансата за Албанците.

Advertisements

Од Алијансата за Албанците очекуваат на списокот да се додадат и други, како што велат, корумпирани актери кои се уште се политички активни и недопирливи за правдата во државата бидејќи според нив, токму тие ги контролираат судиите и обвинителите.

– За почеток, новата листа логично треба да ги содржи имињата на политичарите инволвираните во случајот „Маѓар телеком“ против кои Комисијата на американската берза донесе полноправно кривично решение, порачува Алијанса за Албанците.