Талат или било кој, ако ми ги спомене уште еднаш малолетните деца, нема добро да заврши. И ова не е закана, ова е ветување, рече вечерва пратеникот Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ кој предложи да се заклучат пратениците и да не излегуваат од Собранието додека не направат алкотест и тест за конзумирање дрога.
„Ако се сомнева (Таалат Џафери) дека било кој во Собраниево користи дрога, слободно заклучете ги вратите, повикајте служби, повикајте и цела Влада, но донесете и дрегери, па да направиме тест и за дрога и за алкохол. И да не излеземе додека не ги добиеме резултатите, предложи Јанушев.
Тој во врска со изјавите на Џафери, како што објавивме претходно, го повика собранискиот спикер да одбере било која телевизија за да разговараат за правната проблематика со неговиот син.
„Ако мислеше за друга пресметка, нема проблем и за таква, но не надвор и не без камери туку со камери. За да не биде не видов, повеќе беа, помалку беа. Не бегаме од тоа”, рече Јанушев.