Амбасадата на САД предупредува на нови закани за бомби и зголемен криминал за празниците

Американската амабасада во Скопје денеска на својата веб страница издаде безбедносно предупредување за граѓаните на САД кои планираат да патуваат или престојуваат во земјава за време на новогодишните празници, од каде предупредуваат на „потенцијал за зголемен криминал во текот на празниците и тековни закани за бомби низ Северна Македонија“.

Од Амбасадат на САД ги предупредуваат нивните државјани да бидет внимателни на нивното опкружување за време на посети на празнични пазари, трговски центри и други јавни простори, поради зголемување на џебни кражби и ситни криминални активности.

„Исто така, има зголемување на пријавени закани за бомби повеќе пати неделно низ Скопје и регионот, на станици за јавен превоз, аеродроми, хотели, трговски центри, спортски центри и училишта. Локалните органи за спроведување на законот ја истражуваа секоја закана и досега сите закани за бомби беа лажни аларми. Ако се најдете на локација за која има дојава за бомба, следете ги упатствата на локалниот безбедносен персонал и полицијата која е на лице место“, се вели во безбедносното предупредување на Амбасадата на САД.

Advertisements

Од амабсадата им препорачуваат на граѓаните на САД  да ги следат локалните медиуми и да избегнуваат демонстрации.