Амбасадорката дефинитивно ги прекрши сите правила на дипломатско однесување, реагира професорката Мирјана Најчевска по интервјуто на амбасадорката Анџела Агелер за МИА во кое таа вели дека нема ништо спорно во договорот со „Бехтел и Енка“ и дека опозицијата критизирала без сите факти само за да бидат против Владата.
„Прво, стана адвокат на приватна фирма што е во конфликт со функцијата која ја има. Второ, ги девалвира институциите во земјата домаќин (Јавен обвинител, суд, Уставен суд, Собрание, комисија за заштита од корупција).Трето се промовира како експерт во домашното законодавство. Што дефинитивно не е.
Четврто, пред само две недели даде сосема поинаква изјава (која е во рамките на дипломатските узуси) што сега потполно ја згази. Петто, отворено поддржува конкретна политичка партија во државата. Незапамтен дилетантизам. Изгледа, каква држава домаќин такви амбасадори“, пишува Најчевска на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Македонскиот јазик и говорот на омраза - науката е најсилното оружје против политичката аг...
Детската клиника казнета со 5.200 евра - специјализанти прегледувале пациенти, наместо деж...
„ДПМНЕ и ЗНАМ станаа измеќари на ВРЕДИ“ - Левица бара расправа за Законот за бранителите в...
„15 луѓе не загинаа по своја вина, туку затоа што некој не си ја завршил работата“ - Вучиќ...
„Tреба да трчаме трка со 110 метри со пречки, а ЕУ да си го исполни зборот“ - Мицкоски за ...