Анета Пешева со најхуманиот предлог досега: Да ја затвориме Зоолошка градина и да ги подариме измачените животни!

Анета Антова Пешева, една од најуспешните македонски менаџерки и почесен конзул на Канада реагираше на социјалните мрежи по веста дека угинала жирафата Флопи.

Сега во градината нема ниту една жирафа. Во мај годинава угина Каспер, а во јануари 2021 година Тобого.

Претходно во Зоолошката градина се случија неколку немили настани кога угинаа три коњи поради труење што предизвика бура од реакции во јавноста.

Advertisements

„А ДА ЈА ЗАТВОРИМЕ ЗООЛОШКА градина и да ги подариме преживеаните и измачени животни некому. Ни животните не можеме да ги дочуваме, а камо ли децата во овие услови.
А и едно прашање што ме мачи, умреа последнава година многу животни во ЗОО. Каде ги закопуваат, каде се гробовите на жирафите и на другите животни што пцовисаа, или се плашам дека тие се храна за преживеаните?“, коментира Пешева на социјалните мрежи.