Анкета на ИПИС покажува дека ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство пред СДСМ

20 отсто од гласачите би се определиле за ВМРО-ДПМНЕ, 12,9 отсто би го поддржале СДСМ, а 6,5 отсто гласот би го дале за ДУИ доколку следната недела има избори, покажува телефонско истражување што го спровел Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) во периодот помеѓу 23 и 26 мај 2023.

Анкетирани биле 1. 112 полнолетни испитаници.

За Алијанса за Албанците би гладале 2,6 отсто, за Левица 3,3, понатаму, 2,3 отсто за БЕСА и 1,4% за Алтернатива.

Advertisements
За ниту една партија не би гласале 18,3 проценти од испитаниците, не сакале да кажат 14,6, а одговор немале 14,7 отсто.

Испитаниците одговарале и на прашањето – во кој политичар имаат најголема доверба, 13,5 отсто од анкетираните се определиле за Христијан Мицкоски, 5 отсто за Димитар Ковачевски, 2,8 отсто за Стево Пендаровски, 1,5 отсто за Зоран Заев, 6,6 проценти за Али Ахмети.

Од анкетираните – 1,1% му веруваат на Зијадин Села, 3% на Димитар Апасиев, 2,2 отсто во Билал Касами, 1,3 отсто на Африм Гаши, 3,7% на Максим Димитриевски, а 2,3 процентни поени на Никола Груевски.

Дури 39,7 отсто од анкетираните одговориле дека немаат доверба во ниту еден политичар, не знаеле да одговорат 12,1% отсто, а 3,4 проценти се изјасниле за друг.

Испитаниците биле прашани и за договорот за изградба на коридорите со „Бехтел и Енка“.

Повеќе од половина од испитаните Македонци, 53,3 отсто се против договорот во сегашната форма како што бил потпишан од Владата, но кај Албанците, сличен процент, 54,8 отсто, се за овој договор во дадената форма.

Земено пак вкупно, 45,1 отсто од испитаниците се против договорот, а 24,8 го поддржуваат.