Апасиев од Битола: Тука го затворивме фашистичкиот клуб „Ванчо Михајлов“ и од тука порачуваме НЕ за Бугари во Устав

„Моите противкандидати велат ќе ја направеле европска Македонија. Велат ќе го славеле 9 мај – Денот на Европа. Тоа е измислена работа. 9 Мај е Ден на победа над фашизмот. А, Битола градот на Стив Наумов, не трпи фашизам. Денес ние се соочуваме и со неофашизам. И уште утре, на соочување, ќе треба да се објаснува дали сум про- ЕУ или анти-ЕУ. Не, јас сум про-Македонија. Јас сум ПРОМАКЕДОНСКА сила” – истакна во својот говор професорката Билјана Ванковска пред битолчани каде што ја презентира Програмата за престојните претседателски и парламентарни избори.

На настанот се обрати и носителката на листа во ИЕ 5 – Јована Мојсоска и претседателот на Левица Димитар Апасиев.

Носителот на листа Јована Мојсоска на настанот истакна дека Левица е ПРОТИВ внесувањето на Бугарите во Уставот под било кои услови, за разлика од ДПМНЕ кое е подготвено да преговара за промена на Уставот.

Advertisements

Мојсоска истакна дека Левица е за прекин на преговорите со Бугарија и укинување на историската Комисија, затоа што нема преговори и уцени од оние кои сме ги победиле како дел од фашистичкото зло.

„Нас не ни требаат никакви гаранции од ЕУ дека ова ќе е последно барање на патот кон Брисел, затоа што со внесувањето на Бугарите во Уставот ќе се забоди последниот клинец во ковчегот на македонската држава. Јасно е дека отворениот анти-македонизам на Софија е поддржан директно од Европската унија, која очигледно уште не може да им прости на малите балкански народи дека биле на антифашистичката страна на историјата. Токму пред неколкку месеци, Европската комисија за дискриминација изрече загриженост за бришењето на фашистичкото дувло во Битола Ванчо Михајлов. И тоа е се што треба да знаете за таканаречените европски вредности!” – истакна Мојсоска.

Претседателот Димитар Апасиев при своето обраќање покрај другото уште еднаш ги повтори петте постулати на Македонската платформа која ја нуди Левица на овие избори.

„Македонската платформа за унитарна Македонија има пет точки, опфатена е унитарноста на државата, нема преговори за дводомен парламент, не преговараме за конститутивните елементи на нацијата, ќе ја вратиме територијалната поделба и ќе ги вратиме инсигниите на државата, знамето и грбот да бидат на цела територија на државата.“ – истакна претседателот Апасиев.