Неверување и револт кај граѓаните предизвика денешната одлука на Апелацискиот суд кој ја намали казната на велешанецот кој во пијана состојба ја прегази малата Магдалена во Велес во декември лани и избега од местото на трагедијата. Апелациските судии му ја намалија казната за десет години на возачот Ангелчо Иванов кој беше уапсен по два дена од несреќата во која беше повредена и нејзината мајка.
„ Премногу сум разочарана, без возачка дозвола, во алкохолизирана состојба на пешачки премин, со брзина од 120 км/ч возење, ова е катастрофа. Ние немаме никакво судство, ништо немаме. Но, тоа што јас го кажувам секако ништо не менува“, вели мајката на настраданото девојче кое имаше само 11 години во изјава за Макфакс.
Реагираше и адвокатот Јанаки Митровски, настрана што како што вели тој на социјалните мрежи, предвидената казна е во рамки на законот.
Образложението е релативно оскудно, Апелација се држи на тоа дека е неосудуван, признал вина и ја забрзал постапката, изразил каење и ветил дека нема да се повтори. Судот е должен да цени признание на вина но каење е предмет на проценка. На очиглед на сите иако вербално искажано, кај обвинетиот немаше никакво каење, никаква емоција. Неговото ветување дека нема да го повтори делото пак малку што му значи на семејството. Лесна и земја на Магдалена. Пред некој ден загина млад човек чекајќи на пешачки и остави бебе сирак зад него. Сообраќајната култура во Македонија е на нула, возачки се земаат на жими мајка а државата игра улога исклучиво на пенализатор никако на едукатор и затоа сме каде сме. Господ нека ни е на помош!“, вели Митровски во својата реакција.
Она што ја згрозува јавноста не е само образложението на Апелацискиот суд кој вели дека Основниот суд во Велес кој донесе неправосилна пресуди од 18 години не ги проценил доволно сите олеснителни околности за возачаот, туку и тоа дека тој признал вина и ветил дека нема да го повтори делото, па судот одлучил да му скрати 10 години од првично изречената казна.
А, кои олеснителни околности за човекот кој пијан на пешачки премин уби девојче и не се ни обиде да застане и да му помогне на детето и на неговата мајка, настрана што и неговото поведение од претходно за кое имало изречени и две прекршочни казни за забрана за управување со моторно возило затоа што бил фатен во пијана состојба не одат во прилог за намалување на казната. И покрај прекрошните казни, Николов, продолжил со непочитување на сообраќајните прописи и предизвика сообраќајка со кобни последици за која доби казна од 18 години, но никој не очекуваше дека Апелацискиот суд ќе ја намали на 8 години.
Но, еве што велат судиите од Апелација во своето писмено образложение: