Јавното претпријатие за стопанисување со шумите во државна сопственост објави оглас за вработување на 407 сезонски работници до 31 декември 2023 година, пишува на веб страницата на „Македонски шуми“.
Се бараат сечачи, дотурачи, редачи и шумски работници со работно искуство, но може и да немаат искуство.
„Работните задачи за работно место сечач опфаќаат соборувсње, кроење и изработка на шумски сортименти, за работно место дотурач пренос на дрвни сортименти, за работното место редач – утоварач – истоварач опфаќа утоварање, растоварање и редење на дрва во шума и во магацин и за работното место шумски работник опфаќа редење, утовар, растовар на огревно дрво и градежен материјал и други работни задачи“, се вели во огласот на ЈП „Национални шуми“.
Месечната нето плата за сите работни места изнесува 18.000 денари.
Неделно работно време за овие работни места изнесува 40 часа, распоредено во 5 (пет) работни дена од понеделник до петок, од 07 – 15 часот. Работните задачи се извршуваат исклучиво на терен, се вели во огласот.
Огласот трае 15 дена најдоцна до 15 март 2023 година, а изборот ќе се изврши согласно законски пропишаните рокови.