АВМУ најостро ги осудува навредите и дисквалификациите од ,„Брако” кон новинарите на ИРЛ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) најостро ги осудува изнесените навреди и дисквалификации од страна на компанијата ,„Брако”, упатени кон новинарите на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) во врска со документарниот филм „Убиство во Тетово“.

„Истражувачкото новинарство е клучно во остварувањето на улогата на медиумите поради што новинарите не смеат да бидат навредувани и јавно дискредитирани при отворањето и анализирањето прашања кои се од висок интерес. Напротив, медиумските работници треба да бидат поттикнувани и охрабрувани во вршењето на својата работа и информирањето на јавноста.

Доколку некоја засегната страна смета дека објавените информации не се точни или дека не се целосни треба да го искористи законско загарантираното право на одговор и исправка, односно демант. Воедно, за евентуалното непочитување на принципите и стандардите утврдени во новинарските кодекси можат да се искористат механизмите кои ги имаат воспоставено саморегулаторните тела“ , пишува во реакцијата од АВМУ.

Advertisements