Христијан Мицкоски е единствениот кој е против намалување на цените на производите. Баш му е гајле на Мицкоски за граѓаните, за народот. Заслепен од луксузот во Белата палата Христијан Мицкоски не сака семејствата месечно да заштедуваат пари со помалите сметки за пазарење, реагира СДСМ во денешното партиско соопштение во врска со изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за замрзнувањето на цените.
„Тоа е истата криминална матрица на ВМРО-ДПМНЕ која се уште опстојува во оваа партија. ВМРО-ДПМНЕ сака само да зема од џебот на граѓаните, сакаат народот да биде сиромашен, работниците да бидат евтина работна сила. Затоа градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во секоја општина зголемуваат цени на комунални услуги и ги задолжуваат граѓаните“, велат од владејачката партија.
Според СДСМ, Мицкоски е докажан непознавач и на политиката и на енергетиката а потврдува и дека нема основно чувство за потребите на народот.
„СДСМ и Ковачевски се на страна на граѓаните. Ќе продолжиме да го штитиме стандардот на народот, да ги покачуваме платите и пензиите и да ги намалуваме цените“, порачаа од СДСМ.