БАШИБОЗУК на Клиниката за токсикологија – „новата директорка прави долгови, доаѓа на работа само по 4 часа, не ја осигурува клиниката“

Вработени на ЈЗУ Клиниката за токсикологија во писмо до медиумите реагираат дека новоназначената в.д. директорка на клиниката Бесија Иљази доаѓа само по четири и пол часови на работа и долгот на клиниката го зголемила за 2 милиони денари.

Таа на работа доаѓала во 10 часот, а си одела во 14 и 30 часот, велат вработените.

Иљази беше назначена пред два месеци, само ден пред формирањето на техничката влада.

Advertisements

Дополнително, вработените од клиниката посочуваат дека клиниката и нејзината опрема веќе два месеца не е осигурана, иако постои законска обврска за истото. Според вработените, ова се должи на тоа што не е прифатен брокерот кој Иљази го преферира.

„Поради одбивање да потпише согласност за договор на дело за двајца дипломирани биолози, токсиколошката лабораторија веќе два месеца не врши валидација на издадените резултати“, додаваат вработените на кликната за токсикологија во своето писмо, испратено до медиумите.

ФОТО: Алфа